Француската ѕвезда Килијан Мбапе до крајот на летниот преоден рок ќе направи трансфер во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ понуди 160 милиони евра, ПСЖ ќе се обиде да извлече и повеќе, но многу реално е напаѓачот да заврши на „Сантијаго Бернабеу“. Сега многу поинтересно е кој би го заменил Мбапе на „Паркот на принцовите“ во Париз.
„Л’Екип“ најави дека Кристијано Роналдо би можел да пристигне во ПСЖ, но, сепак, италијанските медиуми тврдат дека тој ќе остане во Јувентус.
Минатиот викенд во Париз престојувал Пини Захави, кого го ангажираше Роберт Левандовски за да се обиде да му направи трансфер. Тој сака да замине од Баерн Минхен и тоа воопшто не го крие.
Медиумите на Островот најавуваат дека ПСЖ е заинтересиран и за Мохамед Салах, крилниот напаѓач на Ливерпул. Според Леонардо и Маурисио Покетино, тој можеби бил и најдоброто решение ако замине Килијан Мбапе. Во опција е и Ришарлисон, бразилскиот репрезентативец кој го носи дресот на Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













