
Драган Канатларовски го објави списокот на фудбалери за стартот на новиот квалификациски циклус на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година. Тој ја презема палката од Благоја Милевски, кој сега е селектор на А-тимот.
„Ова е нов почеток и за мене и за фудбалерите. Со радост и нетрпение ја очекувам средбата со фудбалерите. Оваа генерација започнува нов квалификациски циклус и навистина задоволството и честа да ја предводам се големи, исто како и нашите очекувања од квалификацискиот циклус. На списокот се повикани во моментот најдобрите фудбалери со кои располагаме. Еден од главните услови за да бидат во репрезентацијата е стандардно да настапуваат во своите клубови“, вели селекторот Драги Канатларовски.
Ќе биде тешко против Франција и против Србија.
„Нѐ очекуваат два тешки меча против Франција, тим кој е апсолутен фаворит во групата и домашниот натпревар со Србија, репрезентација која располага со многу квалитетни млади фудбалери. Се надевам дека најпрвин квалитетно ќе ги одработиме подготовките, сите ќе бидат здрави и ќе се борат за место во почетниот состав. Најважно за мене е сите да бидеме во функција на тимот. Очекуваме дека новоповиканите фудбалери Божиновски, Чолаковски и Рустемовски ќе дадат дополнителен импулс на тренинзите и натпреаврите и како и сите останати да го дадат својот максимумот и да се бориме за позитивен резултат на воведните два натпревари“, дополнува новиот предводник на селекцијата до 21 година.
Во стручниот штаб на селекцијата до 21 година се вклучени Шкумбин Арслани и Драган Начевски како помошници на селекторот Канатларовски. Тренер на голмани е Зоран Мицевски, а кондициски тренер Сашо Вељановски. Никола Зердески е тим менаџер во Македонија до 21 година.
Собирот на македонската репрезентација е закажан на 29. август (недела). Првиот тренинг е в недела од 18 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski