
Македонската репрезентација до 21 година на почетокот на септември го започнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. Нашата селекција првите два натпревари ќе ги одигра против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.
Новиот предводник на нашата млада репрезентација, Драги Канатларовски за двата меча од квалификациите за ЕП ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П. 1932);
Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Пелистер), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори, Австралија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Бесник Ферати (Академија Пандев), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Јован Манев (Брегалница);
Средина: Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Лука Трајковски (Борец);
Напад: Стефан Чолаковски (Мелбурн Сити, Австралија), Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);
Во стручниот штаб на селекцијата до 21 година се вклучени Шкумбин Арслани и Драган Начевски како помошници на селекторот Канатларовски. Тренер на голмани е Зоран Мицевски, а кондициски тренер Сашо Вељановски. Никола Зердески е тим менаџер на Македонија до 21 година.
Собирот на македонската репрезентација е закажан на 29. август (недела). Првиот тренинг е в недела од 18 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
