Македонскиот вицепрвак Шкупи ја извести македонската јавност дека против клубот е започнат процес на неправда, не само на теренот, туку и надвор од него. По поразот во Струга, раководството на Шкупи испрати реакција до јавноста.
Реакција до македонската фудбалска јавност,
Од денот кога пристигнавме, нашата цел главно беше да додадеме вредност на македонскиот фудбал и да гo промовираме нашиот клуб ФК Шкупи и Македонија како земја и како фудбал во европските купови.
За таа цел, ја започнавме лигата со сериозни инвестиции порано во сезоната, но видовме во изминатиот период дека започна процес на борба и неправда против нас не само на теренот, туку и надвор од теренот.
Сакаме да објавиме дека челниците и поддржувачите на нашиот клуб, чија историја се приближува до еден век, се свесни за настаните и дека нашиот одговор на оние што се обидуваат да играат игри против нас ќе биде многу суров.
Очекуваме македонската фудбалска заедница да не поддржи во фер борба за сите тимови и да знаете дека нема да се откажеме од нашата цел за да станеме шампиони и покрај сите пречки на патот.
Би сакале да ја известиме македонска фудбалска јавност дека внимателно ќе го следиме процесот за обезбедување правда во наредниот период.
Со почит,
Раководство на ФК Шкупи
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal