Шпанскиот интернационалец Тео Хернандез двапати ова лето одбил фантастична понуда да биде дел од „дрим – тимот“ на Пари Сен Жермен. Спортскиот директор Леонардо сака да го засили составот на Маурисио Покетино со квалитетен фудбалер на левата бековска позиција, а негова прва цел е токму Тео Хернандез.
ПСЖ се обиде да го купи во средината на јули, но доби негативен одговор од Шпанецот. Сепак, раководството на „светците“ е упорно и доставило уште една, подобрена понуда за Тео Хернандез. Овојпат и со адут в рака дека ПСЖ е „дрим-тим“ во кој ќе настапува и Лионел Меси.
Но, Тео Хернандез и вторпат кажал „не“ на понудата на тимот од Париз. Тој сака да остане на „Сан Сиро“ и да го носи дресот на Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













