
Турскиот тинејџер Фират Гулу е четвртото засилување на Шкупи во овој преоден рок, откако скопскиот прволигаш успешно ги финализираше преговорите и потпиша договор на три сезони со овој 19-годишен фудбалер.
Гулу пристигна на „Чаир“ од редовите на Галатасарај, откако ги мина сите младински категории на турскиот гигант, а извесно време беше и капитен на кадетскиот состав на Галата. Тој го мина досегашниот дел од подготовките на Шкупи, ги задоволи вкусовите на стручниот штаб, по што му беше понуден договор со македонскиот прволигаш.
„Голема благодарност до челниците на Шкупи, кои ми дадоа шанса да заиграм сениорски фудбал. Свесен сум дека доаѓам во голем клуб, со фантастични навивачи“, истакна Гулу по потписот на договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal