Фудбалската репрезентација на Македонија бележи пад од десет позиции на најновиот ранкинг на листата на ФИФА. Ова е плод на поразите на Македонија на Европското првенство.
На ранг-листата на ФИФА објавена денеска, македонскиот национален тим се најде на 72. место. Овој пласман е за 10 позиции послаб од претходните рангирања на 7. април и на 27. мај.
Од ривалите на Македонија во квалификациите за СП 2022, најдоброрангирана е Германија (16), Романија е 45., Исланд е на 53.место. Ерменија се наоѓа на 88. позиција, додека аутсајдерот Лихтенштајн е на 189. место.
На ФИФА – листата и понатаму прворангирана е Белгија, пред Бразил и пред Франција. Во Топ 10 уште се и Англија, Италија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski