
Фудбалската репрезентација на Бразил е победник на турнирот на Олимписките Игри во Токио откако во финалето, по продолженија, ја совлада селекцијата на Шпанија со 2-1. Стрелец на победничкиот гол беше Малком во 108.минута, откако на фантастичен начин ја претрча противничката одбрана и го совлада Унаи Симон.
Капитенот на „кариоките“, Дани Алвеш, продолжува со неверојатната низа на освојување важни трофеи во кариерата. Ќе го крене и пехарот на ЛОИ во Токио. Бразил го одбрани златниот медал од пред пет години во Рио де Жанеиро.
Бразил поведе во последните мигови од првиот дел со голот на Матеус Куња, а Шпанија израмни преку Микел Ојарзабал во 61.минута од дуелот. Во регуларниот тек финалето немаше победник, а Бразилците беа поснаодливи во продолженијата и стигнаа до златниот медал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
