Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе се обиде да го доведе Адама Траоре. Новиот менаџер Нуно Еспирито Санто одлично ги познава неговите квалитети од Вулверхемптон и сака повторно да соработува со него и во Лондон.
„Спарс“ се подготвени да платат 35 милиони евра за неговиот трансфер. За Траоре сериозен интерес покажува и Лидс Јунајтед кој сака да го реализира најскапиот трансфер во клупската историја токму за да го доведе Траоре во тимот.
Тотенхем мора да бара алтернативни решенија за засилување на навалната линија со оглед дека најверојатно ќе го загуби најдобриот фудбалер Хари Кејн ова лето. Тој има намера да го напушти клубот и да се пресели во Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













