
Нова трагедија го снајде уругвајскиот фудбал. Емилијано Кабрера е третиот фудбалер од оваа јужноамериканска земја кој изврши самоубиство во последните шест месеци.
По Вилијамс Мартинез и Сантијаго Гарсија кои си го одзедоа животот поради тешка депресија, сè уште не е утврдено во случајот на Кабрера што би можело да биде причината овој 27-годишник да крене рака на себе.
Играчот, кој играше малку во својата татковина и малку во шпанскиот фудбал, според информациите, имал „сложена и проблематична семејна ситуација што веројатно влијаела на развој на депресија“.
После најновата трагедија, Унијата на уругвајски фудбалери истакна дека „време е за аларм поради тажната појава која во последно време стана почеста“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг
