Connect with us

Шкендија, конечно, и со Бруно Дита против „лавовите“, Академија Пандев нема првенствена победа цели 14 меча

Два натпревари на денешната програма од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига. Шкендија по двата натпревари без порази, без сомнение, против Македонија ЃП од 17 часот посакува и трет натпревар со бодови со кои ќе ја продолжи трката за врвот од табелата на стартот од сезоната.

Тетовци во Скопје денеска патуваат во комплетен состав, а стручниот штаб за првпат во комбинација за тимот ќе го има и засилувањето во средниот ред од Албанија, Бруно Дита.

За „лавовите“, пак, Шкендија е силен мотив за позитивен резултат по оној пораз на гостувањето против Шкупи во претходното коло.

Академија Пандев по почетните два порази во новата сезона од Пелистер и од Вардар, гостува на Ренова во Тетово со отворена желба конечно да стави крај на црната првенствена серија без победа. „Пандевци“ цели 14 едноподруго натпревари, вклучувајќи ја секако и минатата сезона, не знаат за триумф во првенството од Првата лига. Последната првенствена победа за фудбалерите на Академија Пандев е запишана на 23. октомври минатата година кога славеа со 4-0 против Македонија ЃП.

ПРВА ЛИГА – 3. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ

УТРЕ (17 ч.)
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

ВЧЕРА
Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 0-2

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови