Силекс необично лесно, но не и неочекувано со оглед на ситуацијата со играчкиот кадар, го совлада Вардар на „Тодор Проески“ со 0-4. Кратовци по три кола се наоѓаат на врвот на табелата со седум бода и најдобра гол-разлика.
Срѓан Драшковиќ уште во третата минута ја затресе мрежата на Филип Илиќ, откако одлично реагираше на центаршутот од десната страна. Иван Ивановски во 52.минута зголеми на 0-2, а Пепи Ѓорѓиев дефинитивно го реши победникот со погодокот во 64.минута. До крајот, и Бојан Спиркоски се запиша меѓу стрелците во 88.минута за конечни 0-4 во корист на кратовскиот тим.
Пелистер и Работнички под „Тумбе кафе“ ремизираа без голови. без многу шанси, и двата тима многу повеќе внимаваа на сопствената мрежа.
Струга Трим Лум славеше со 1-0 против Борец. По двете гостувања во Тетово, стружани успеаја са стигнат до победа. Стрелец на победничкиот гол беше Александар Ристевски во 81.минута.
Претходно, како дел од ова коло, Шкупи славеше против Беласица на гости со 0-2, Шкендија минимално ја совлада Македонија ЃП со 0-1 во Ѓорче Петров, а Ренова го победи тимот на Академија Пандев со 2-0.
ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – СИЛЕКС 0-4
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-0
СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ 1-0
БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 0-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-1
РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-0
Табела: Силекс 7, Шкупи 7, Шкендија 7, Ренова 5, Пелистер 5, Работнички 4, Струга ТЛ 4, Борец 4, Македонија ЃП 3, Вардар 3, Академија Пандев 0, Беласица 0.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski