Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, продолжи со серијата промашени удари од белата точка на натпреварот против Фулам во Премиер лигата.
Португалецот имаше идеална шанса да го доведе својот тим во водство, но не успеа да ја реализира, а вината делумно ја префрли врз судијата Крис Кавена.
This is the reason why Bruno missed the penalty pic.twitter.com/6RdQIOvyM1
— Manchester United Die Hard Fans (@DieHardUtdFans) August 24, 2025
Според него, контактот со арбитарот непосредно пред изведувањето му го нарушил ритуалот.
„Вознемирен бев. Кога изведуваш пенал имаш свој ритуал, свои работи што ги правиш. Ме вознемири тоа што судијата не ми се извини. Тоа ме испровоцира во моментот, но не е изговор зошто промашив. Лошо ја шутнав топката“, изјави Фернандеш по натпреварот.
Со овој кикс, Јунајтед пропушти уште една голема шанса за победа, а капитенот повторно е под зголемена критика за својата реализација од белата точка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













