
Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали е несреќен откако дозна дека неговиот клуб ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ понудија 30 милиони евра за 30-годишниот стопер, кого го следат подолго време, но Наполи експресно ја одби понудата.
Неговиот агент Фали Рамадани му соопшти на Наполи дека играчот сака да се пресели во Манчестер Јунајтед и дека е разочаран што на крајот остана во Италија.
Кулибали има уште две години од договорот со „наполитанците“ и размислува да го напушти клубот во кој се приклучи во 2014 година од Генк за 7,5 милиони евра.
Новиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети, сака да го има сенегалскиот репрезентативец претстојната сезона, иако од друга страна претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис е подготвен да го продаде, но за далеку поголема сума од споменатите 30 милиони евра понудени од Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
