
Вардар не е финансиски моќен како некогаш, но Александар Васоски сепак успеа да доведе неколку нови фудбалери пред крајот на преодниот рок. Шкупи тргна одлично, а каква и да е моментната форма на овие два тима, меѓусебната пресметка секако го заслужува епитетот – дерби на колото.
Поранешниот играч на Вардар, Дарко Глишиќ, сега е во дресот на Шкупи и вели дека најтрофејниот македонски клуб никогаш не смее да се потцени.
„Играм против својот поранешен клуб, но јасно е дека ќе дадам се од себе за Шкупи да дојде до посакуваниот резултат. Вардар никогаш не смее да се потцени, бидејќи повторно собра многу квалитетни фудбалери во своите редови. Ако играме како против Пелистер или најмалку како со Нефчи, верувам дека ќе дојдеме до победата“, изјави бекот на Шкупи, Дарко Глишиќ.
Шкупи со победа би се искачил на првото место на табелата кое сега го држи Шкендија со 11 бода, по вчерашниот триумф над Беласица во Струмица.
Ќе биде интересно и на останатите мечеви. Ренова во Тетово го пречекува Работнички, Пелистер е домаќин на Македонија ЃП, а Борец во Велес ќе го нагости Академија Пандев.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО
ВАРДАР – ШКУПИ
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0-3
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС 2-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
