Новиот Силекс одигра 1-1 против Петрокуб во првиот меч од воведното коло во Конференциската лига на УЕФА. На екстремно тешки услови, околу 40 степени Целзиусови, тимот на Горазд Михајлов кој се уште е во фаза на подготовки, го издржа товарот на овој европски меч. Реваншот е по седум дена во Молдавија.
“Важно ни беше да не загубиме. Ова е еден нов тим на Силекс, само третпат игравме заедно за разлика од противникот. Но, постигнавме гол многу брзо и тоа ни даде дополнителен мотив. Имавме во првиот дел шанси и за втор погодок, а потоа противникот израмни. Во второто полувреме тие притискаа, но и ние можевме на крајот да казниме. Со реми одиме во Молдавија и двомечот е комплетно отворен”, изјави тренерот на Силекс, Горазд Михајлов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













