Силекс е второлигаш и има речиси комплетно реновиран тим и нов тренер. Но, Горазд Михајлов верува дека сепак кратовци можат добро да се претстават на меѓународна сцена.
„Се надевам дека европското лето на Силекс нема да биде многу кусо. Петрокуб за разлика од нас има непроменет тим неколку сезони и сигурно тоа е една голема предност за нив. Ја препуштаме фаворитската улога, но тоа не значи дека нема да го дадеме максимумот за да се пласираме во следната рунда од Конференциската лига на УЕФА“, изјави новиот тренер на Силекс.
Искусниот голман Даниел Божиновски исто така е оптимист и верува дека Силекс може да дојде до позитивен резултат на утрешниот меч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













