Брегалница продолжува со пополнување на играчкиот кадар за враќањето на прволигашката сцена. Ангажирано е петтото засилување, Стефан Коцев, кој всушност се враќа во штипскиот прволигаш.
27-годишниот Коцев кој е дете на фудбалската школа на Брегалница, повторно се враќа во својот клуб по интернационалната кариера. Изминатава сезона настапуваше за косовски Призрен, а претходно беше дел и од грчки Аспропиргос како и од косовскиот прволигаш Лирија. На домашната сцена, покрај за Брегалница, од 2018 до 2020 година настапуваше и за кратовски Силекс.
„Продолжуваме со основната определба околу креацијата на новиот состав единствено со докажани имиња кои треба да донесат нов квалитет во нашиот тим. По Бобан Георгиев во својот клуб враќаме уште едно штипско дете, веќе докажан интернационалец изминативе години“ – изјави спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев по потпишувањето на договорот со Коцев.
Од претходно, како што е познато, нови членови на Брегалница се и поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред, како и крилниот офанзивец Бобан Георгиев кој пристигна од редовите на Борац Бања Лука. Засилена е и одбраната со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов и Хрватот Антонио Азиновиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













