
Ренова минимално загуби од Хајдук во второто коло од квалификациите за годинашното издание на Лигата на Европа. Тренерот на „гипсарите“ Бујар Ислами вели дека е задоволен од играта на неговите избраници и дека заслужувале барем продолженија.
„Задоволен сум од моите фудбалери. Рано примивме гол и тоа влијаеше психички на нас. Кога се соземавме видовте дека можеме да се надигруваме со одличен противник како Хајдук. Второто полувреме беше одлично имавме неколку 100% шанси кои не ги искористивме. Заслуживме барем реми, па во продолженија да се обидевме да стигнеме и до триумфот“, изјави Ислами.
Во следното, трето квалификациско коло од Лига Европа, Хајдук ќе игра со подобриот од пресметката меѓу азербејџански Нефчи и Галатасарај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal