Connect with us

Реал почна со тренинзи, а вирален хит е стомачето на Лука Јовиќ (ВИДЕО)

Лука Јовиќ се врати во Мадрид и повторно е хит во медиумите. Но, не поради квалитетот или најавата за трансфер, туку поради зголемото стомаче за време на летниот одмор.


Откако Реал Мадрид го објави видеото од стартот на подготовките и првиот тренинг од новата сезона, тоа видео стана вирално, од причини што воопшто не одат во прилог на Јовиќ.


Навивачите на социјалните мрежи веднаш забележаа дека Јовиќ е со прекумерна тежина и дека очигледно се издвојува од останатите играчи.


Јовиќ одигра само 32 натпревари за Реал Мадрид за една и пол година, најмногу како резерва и постигна само два гола. Последните шест месеци беше на позајмица повторно во Ајнтрахт Франкфурт каде му одеше многу подобро на голгетерски план.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови