Connect with us

Гвардиола гледа кон „Камп Ноу“ и го мерка Антоан Гризман

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е фокусиран кон алтернатива на нападот во случај Хари Кејн да не дојде на „Итихад“, а тоа е Антоан Гризман, пренесува „Мундо Депортиво“.


Кејн е првата желба на Сити за засилување на навалната линија со месеци наназад, но има сè погласни најави од Тотенхем дека нема да го пуштат ниту ова лето.

Французинот Гризман не се докажа доволно во Барселона, а ако се имаат во предвид финансиските тешкотии на каталонскиот клуб, јасно е дека разделбата е поизводлива отколку со Кејн.

Барселона и Сити негуваат одлични односи, а клучна алка е Гвардиола. Ова лето, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро тргнаа кон Каталонија и се очекува некој да отиде во спротивна насока.

Гризман е голем товар за буџетот на Барселона, бидејќи тој е втор најплатен играч во клубот по Лионел Меси. Манчестер Сити е подготвен да плати 80 милиони фунти за негов ангажман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови