
Манчестер Јунајтед напредува во трансферот на големиот француски талент Едуардо Камавинга, тврдат медиумите на Островот. Играчот за врска на Рен, за кого исто така покажува интерес и Пари Сен Жермен, а одамна е на списокот на потенцијални засилувања и на Реал Мадрид, би можел да замине на „Олд Трафорд“ за 30 милиони евра.
Договорот на Камавинга со Рен истекува следното лето и клубот ќе мора да го продаде во овој преоден рок доколку сака да заработи од неговото заминување.
Оле Гунар Солскјер смета дека Едуардо Камавинга би бил одлично решение за средниот ред на „црвените ѓаволи“ и наследник на Пол Погба кој е подготвен и да го напушти Манчестер Јунајтед за трансфер во Реал Мадрид или во Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
