
Италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија го назначи денеска 45-годишниот стратег Роберто Д’Аверса за свој нов тренер на местото на искусниот Клаудио Раниери.
Д’Аверса ја предводеше претходно Парма, од декември 2016 година до минатиот август, кога беше заменет со Фабио Ливерани. По серијата лоши резултати на екипата под водство на Ливерани, Парма во јануари го врати на клупата Д’Аверса, но, ниту тој не успеа да го спаси клубот од преселба во Серија Б.
Сампдорија се обиде да го доведе тренерот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, но тој потпиша нов договор со српскиот првак.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal