
Италијанскиот калчолигаш Интер се насочи кон холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис. Тој треба да ја пополни десната странична позиција по заминувањето на Ашраф Хакими, кој е на прагот на реализација на трансфер во Пари Сен Жермен.
Дамфрис имаше одлични настапи за Холандија на Европското првенство и го сврте кон себе вниманието на големите европски клубови. Интер планира да реагира најбрзо и да го доведе за сума од 15 милиони евра. Со тоа раководството би завршило голема работа на финансиски план, со оглед дека Хакими ќе замине најмалку за 65 милиони евра во Париз.
Тренерот Симоне Инзаги се надева дека со Дамфрис ќе добие млад фудбалер желен за докажување кој веќе покажа дека може да игра на големата европска сцена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
