
Репрезентацијата на Англија доминантно се пласира во полуфиналето на Европското првенство откако во Рим ја совлада Украина со 4-0. Стрелец на два гола беше капитенот Хари Кејн, а погодија и Хари Мегваер и Џордан Хендерсон.
„Тоа беше прекрасна ноќ за нас. Четири гола и повторно без примен гол. Тоа е перфектно, не може подобро. Потврдивме дека можеме да се носиме и како фаворити со големиот притисок. Сите очекуваа од нас победа и добар фудбал и ние тоа го испорачавме“, изјави Кејн.
Тој верува дека Англија може и до големото финале. На „Вембли“ во полуфиналето ќе гостува Данска.
„Секогаш одиме чекор по чекор. Досега бевме безгрешни и ќе мораме во таков стил и против Данска. Тие се неверојатен тим“, порача напаѓачот на англискиот национален тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal