Connect with us

Елмас боксерот – Репрезентативецот напорно се подготвува за новата сезона

Европското првенство е зад нас, барем што се однесува до настапот на Македонија. Репрезентативецот Елиф Елмас зема неколку слободни денови, но многу брзо се врати во ритам и почна да се подготвува за новата сезона во Серија А.

Тој работи напорно во теретана за подобрување на физички способности, но исто така и боксува. Овој спорт изразено ги подобрува карактеристиките на рамениот појас и на трупот, а Елмас сака да биде подготвен за докажување пред новиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети.

Со Џенаро Гатузо немаше голема минутажа, надежите на Елиф Елмас се дека ќе успее да се наметне многу подобро кај Спалети.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови