Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас замина на заслужен одмор по настапите со националниот тим на Европското првенство, а при враќањето во Наполи го очекува новиот тренер Лучијано Спалети, кој своевремено сакаше да го доведе и во Интер. Дека Елмас е еден од најдобрите фудбалери за врска во Серија А покажува и рангирањето на највредните играчи меѓу кои македонскиот „дијамант“ е на осмата позиција.
Во топ 10 фудбалери од средниот ред, Елмас е проценет на 17 милиони евра и се наоѓа на осмото место. Ова се фудбалери кои се најбарани на Апенините во овој летен преоден рок.
На врвот на листата се најде соиграчот на македонскиот фудбалер Пјотр Зјелински (50 милиони), а зад него е Кристијан Ериксен (40 милиони) кој нема да може да игра поради здравствени проблеми. Тој колабираше на мечот од Европското првенство меѓу Данска и Финска.
Николо Заниоло исто така има вредност од 40 милиони евра, а потоа следува Хакан Чалханоглу кој од Милан се пресели во Интер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski