
Парма ќе се обиде да се врати експресно во Серија А, а американскиот сопственик Кајл Краус нема да штеди пари. Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон по две децении се врати во клубот, но планирани се уште неколку големи засилувања.
Франко Васкез од Севилја одлучи да се врати на Апенините и ќе го носи дресот на Парма, а следното големо име би можел да биде Франк Рибери. Имено, Французинот не останува во Фиренца, тој има понуди од Монца на Берлускони, но и од Парма, што е во секој случај атрактивна дестинација за него поради големото клупско педигре и фактот дека би добил двегодишен договор.
Парма нема да запре тука, ќе го врати Дармијан од Интер на позајмица, а ќе го задржи и Брунета кој имаше понуда од Ривер Плата. Целта е само една, враќање во елитата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal