Connect with us

Дешамп: Швајцарија не е наивен ривал

Францускиот селектор Дидие Дешамп ги предупреди фудбалерите да не ја потценуваат Швајцарија пред вечерашниот осминафинален натпревар од Европското првенство. Светските шампиони се јасни фаворити на дуелот во Букурешт, но Дешамп, кој има и проблеми со повреди во тимот, тврди дека Швајцарија е многу подобра селекција отколку што тоа им се припишува во јавноста.


„Ова е дуел од осминафиналето и само со максимално залагање може да се обезбеди пласман во следната рунда. Бевме фаворити и пред почетокот на натпреварувањето, но и јас и моите играчи сме свесни за квалитетот на овој швајцарски тим. Тие се способни да направат големи работи на теренот и се залудно на 13. место на листата на ФИФА. Имаат одличен предводник во Владимир Петковиќ и знаеме дека не очекува тежок и неизвесен натпревар“, изјави Дешамп.

Франција и Швајцарија ќе ги одмерат силите вечерва (21 часот) на Националната арена во Букурешт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови