Европскиот првак Португалија доживеа елиминација во осминафиналето и ја загуби круната. Белгија славеше со 1-0 со голот на Торган Азар, а Кристијано Роналдо немаше најдобра вечер и по натпреварот разочарано ја фрли капитенската лента.
Тој не даде никакви изјави по натпреварот, но денеска им се обрати на навивачите на социјалните мрежи.
„Не беше резултатот што го посакувавме, но дадовме се од себе да ја одбраниме титулата и овој горд тим покажа дека може да ги направи Португалците среќни. Нашите навивачи беа неуморни и не бодреа од првата до последната минута. За жал, не го постигнавме тоа што го посакувавме, честитки за Белгија за триумфот и им посакувам многу среќа на сите други селекции на Европското првенство. Ние ќе се вратиме уште посилни“, напиша Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal