Connect with us

Гвардиола се откажа од Хари Кејн, сака да го доведе Гризман на „Итихад“

Пеп Гвардиола подготвува нова бомба. После Џек Грилиш, менаџерот на Манчестер Сити е подготвен да плати 80 милиони фунти за Антоан Гризман.


Манчестер Сити не сака да биде „заложник“ на Даниел Ливи, ниту да биде вклучен во долги преговори со Тотенхем околу трансферот на Хари Кејн. Сумата останува иста, Тотенхем бара 150 милиони фунти, Стерлинг не прифаќа да го напушти клубот како дел од трансферот, а ниту Габриел Хeсус.


Токму затоа Пеп Гвардиола се насочува кон Антоан Гризман. Барселона не би имала против да го продаде за 80 милиони фунти, а Сити би можел да вклопи и Бернардо Силва како дел од зделката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови