Connect with us

Рига го купува Тихомир Костадинов

Летонскиот клуб Рига е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов. Тие му нудат двегодишен договор и 100.000 евра по сезона на Костадинов за да се пресели во Летонија и да го засили тимот на Рига во трката за шампионската титула со РФС. Во лидерот на табелата РФС настапува повремениот македонски репрезенативец и поранешен капитен на Вардар, Дарко Мицевски.

Костадинов имаше забележителен настап на Европското првенство, доби шанса како резервист од селекторот Игор Ангеловски, а тоа уште повеќе ја зголеми неговата вредност на трансфер – пазарот. Рига сака да го купи веднаш, а Ружомберок ќе треба да се согласи на продажба доколку сака да има заработка од неговото заминување, со оглед дека неговиот актуелен договор со клубот има важност до 31 декември оваа година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови