Драган Канатларовски се враќа на голема врата со нов селекторски ангажман. Откако во минатото двапати беше на кормилото на А-репрезентацијата на Македонија, а пред одреден период ги водеше селекциите до 16 и до 17 години, популарниот Цапар од 1 август ќе седне на селекторското столе на младиот национален тим до 21 година.
Воведен е во работата со оглед дека беше поставен за соработник во стручниот штаб на последната репрезентативна акција за да може да ги запознае подобро квалитетите на младите фудбалери, а веднаш ќе мора да стартува со квалификациите за Европското првенство.
Македонија има на располагање квалитетна селекција на млади фудбалери, па се очекуваат и успеси од новиот селекторот на У21 селекцијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













