
Уругвај обезбеди пласман во четвртфиналето на Копа Америка со победа против Боливија (2-0), додека Парагвај го совлада Чиле со ист резултат, а и двете репрезентации отидоа понатаму.
Уругвај досега не воодушеви на Копа Америка, и поведе против Боливија во 40. минута со многу среќа, кога Хаиро Квинтерос си постигна автогол. Уругвајците имаа уште неколку шанси, а триумфот го потврди Единсон Кавани со погодок во 79. минута.
Парагвај поведе против Чиле во 33. минута со голот на Самуди, кој со глава ја затресе мрежата на противникот. Во 53. минута Парагвај имаше пенал, а сигурен изведувач на ударот од белата точка беше играчот на Њукасл, Мигел Алмирон, и тоа беше конечен резултат на натпреварот.
Парагвајците обезбедија пласман во четвртфиналето, но лесно би можеле да одат на Бразил во следната рунда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
