
МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,
Никола Ѓуровски
Со 122 настапи и со 38 постигнати гол, големиот Горан Пандев се прости од македонската фудбалска репрезентација. Вели веќе нема можност за предомислување. Го дадов максимумот за репрезентацијата, рече Пандев по дуелот со Холандија со кој ја заврши репрезентативната кариера.
„Ова е моја конечна одлука, не можам да играм, а да не го давам максимумот, на два фронта на 38 години за мене ќе биде премногу. Ќе бидам најголем навивач на репрезентацијата, сигурен сум дека ќе бидат добри во квалификациите за СП. Срцето ми е полно, да се игра на големо натпреварување вo светиот дрес е голema работа. Клупските успеси не ги вклучувам во ова , тоа е сосема друго. Дадов максимум од мене и ова е крај. Возбуден сум, благодарен сум на целата македонска јавност, 20 години носење на светиот дрес на репрезентацијата за мене беше гордост. На најдобар начин се простувам, на големо натпреварување.
За пресметката со Холанѓаните, Пандев вели:
„Имаше фаул, тој и призна, но судиите поинаку гледаат на големите репрезентации. Добро се држевме во првото полувреме, во второто се виде дека физички сме послаби. Тие имаат ист ритам во сите 90 минути“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Прва лига
Стефан Спировски се врати во Пелистер

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
