
Шкендија побегна на +5, па ако сакаат да го следат лидерот, Шкупи и Македонија ЃП денеска (14.30 часот) ќе мораат да бидат ефективни во Струмица и во Велес. Шкупи гостува кај Академија Пандев, ќе биде без Филип Глигоров, но Умит Каран се надева дека неговиот состав ќе одговори соодветно и дека ќе ги освои бодовите.
Академија Пандев се пронајде по најновата смена на кормилото, се врати Југослав Тренчовски кој одлично го познава тимот и тоа даде малку подобри резултати. Сепак, од клучно значење за „пандевци“ е и денеска да остварат позитивен резултат во битката со Шкупи.
Македонија ЃП тргнува во освојување на Велес. „Лавовите“ се во одлична серија од четири победи на последните пет меча и Жикица Тасевски бара победа од своите фудбалери и на дуелот со Борец. Но, Велес е неосвоив за многу екипи во домашниот прволигашки шампионат.
Работнички гостува во Кратово. „Романтичарите“ се цврсти во одбраната, но тренерот Ратко Достаниќ очекува да проработи и нападот за да може тимот да носи целосен плен. Силекс нема победа на четири натпревари и Горан Симов сигурно размислува дека денешниот меч треба да биде пресвртница.
Струга Трим Лум е голем фаворит крај езерото против Беласица. Сепак, избраниците на Срѓан Захариевски ќе треба да докажат и на терен дека се поквалитетен тим од последнопласираната Беласица.
Во Тетово, Ренова исто така грчевито ќе се бори за трите бода, затоа што е во незавидна позиција на табелата. Пелистер исто така има свои сметки да остане непоразен.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 9 КОЛО (14.30 Ч.)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР
ВЧЕРА: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-5
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
