
Холанѓаните ја совладаа Австрија со 2-0, стрелци беа Мемфис Депај и Дензел Дамфрис, но има и такви кои најдоа забелешки на играта на тимот на Франк де Бур. Легендарниот Марко ван Бастен, освојувачот на титулата европски шампион со Холандија во 1988 година, имаше забелешка на играта во одбраната, особено кога станува збор за стоперот Матијс де Лихт.
„Де Лихт е централен дефанзивец во нашата одбрана. Тој мора да биде поголем лидер отколку што е сега. Тој отиде во Италија за да научи како да се брани подобро, но мислам дека не научи многу во Јувентус“, смета Ван Бастен.
Де Лихт веднаш беше запрашан дали слушнал за што му замерил Марко ван Бастен.
„Да, го слушнав. Кога некој како господин Ван Бастен ве критикува, со статус во кој ужива, сè што треба да направите е само да слушате”, заклучи Де Лихт.
Холандија во последното трето коло од групата Ц в понеделник ја пречекува Македонија во Амстердам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лусио заврши во болница поради изгореници

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид фрли око на Душан Влаховиќ
