Пред неколку сезони тој беше легитимен кандидат за „Златната топка“. Тој имаше неверојатни игри во дресот на Челси, но по заминувањето во Реал, Еден Азар едноставно „исчезна“.
Во Мадрид очекуваа Азар да биде предводник на новиот Реал, но овојпат не беа во право. Бројни повреди го тргнаа Азар од теренот, а многумина се прашуваат зошто тој често е повреден.
Неговиот поранешен тренер на Челзи, Жозе Мурињо, се чини дека откри зошто Азар не го постигна она што можеше и требаше да го стори во однос на талентот.
„Вистината за Еден Азар? Вистина е, тој е неверојатен играч, но тренира страшно. Може да се замисли каков фудбалер би бил ако има супер професионален пристап кон тренинзите. Еден е прекрасен и семеен човек. Тој не изгледа како играч на сегашната генерација и целосно фокусиран на неговите најблиски, деца и родители. Живее многу тивок живот. Но, секое утро излегува на терен и … не работи многу“, изјави Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal