Кристијано Роналдо стана првата личност која има 300 милиони следбеници на Инстаграм. Португалската ѕвезда со години рушеше рекорди на фудбалскиот терен, а го прави истото и на социјалните мрежи веќе подолго време.
Зад него се Меси, Нејмар и сите клубови во светот. Неговиот најголем фудбалски ривал Лионел Меси има 219 милиони следбеници на Инстаграм, додека Нејмар го следат 152 милиони луѓе.
Зад Роналдо и споменатите фудбалери стојат најголемите клубови во светот. На пример, Реал Мадрид има 99,5 милиони следбеници, Барселона 97,5 милиони, Манчестер Јунајтед 40,9 милиони…
Роналдо беше и прва личност со 200 милиони следбеници на Инстаграм, а новиот рекорд е доказ дека неговата популарност не престанува да расте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













