
Серхио Рамос разговарал со Милан по официјалното соопштение дека ќе го напушти Реал Мадрид како слободен агент. Реал Мадрид потврди дека Рамос ќе замине од клубот по неверојатните 16 години, за време на кои тој одигра 671 натпревар, постигна 101 гол и освои пет титули во Ла Лига и четири титули во Лигата на шампионите. Неговата следна дестинација останува мистерија и покрај постојаните шпекулации за транфер во Пари Сен Жермен и неколку клубови од Премиер – лигата.
Сепак, ненадејно се појави и изненадувачка опција за Рамос, тврдат шпанските медиуми. Наводно, тој веќе бил во контакт со Милан околу идејата да започне нова авантура во Италија. Шпанскиот ветеран многупати досега потврдил дека негов идол е Паоло Малдини, а легендата на “росонерите” и тековен директор се обидел да го убеди дефанзивецот да ја заврши својата кариера на “Сан Сиро”.
Шпанскиот репрезентативец претходно во една можност ги покажа своите симпатии кон Милан.
“По Реал Мадрид, во светот доаѓа Милан. Никој нема историја како овие два клуба”.
Тој од својот иден клуб бара двегодишен договор со плата од 15 милиони евра по сезона, плус бонус од 20 милиони евра при потпишување на договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алваро Мората е ново напаѓачко оружје на Комо

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче
