
Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Бускетс, се враќа во таборот на селекцијата на „црвената фурија“ на Европското првенство откако отсуствуваше поради инфекција со коронавирус. Федерацијата на Шпанија објави дека Бускетс бил негативен на последниот тестови за коронавирус и дека од денеска се враќа во репрезентативниот камп во Севилја.
Бускетс е во домашна изолација од 6 јуни. Тој не се очекува да игра на утрешниот меч од групата Е против Полска, а многу поверојатно е да биде во составот против Словачка во последниот меч од групната фаза на 23 јуни.
Диего Љоренте исто така го напушти таборот на шпанската репрезентација на 8 јуни, но тој се врати во кампот три дена подоцна откако беше утврдено дека ПЦР – тестот бил „лажно позитивен“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
