Андриј Јармоленко беше избран за најдобар фудбалер на натпреварот меѓу Украина и Македонија. Тој постигна гол и асистираше во триумфот на Украинците од 2-1.
Во последните неколку денови многу се пишуваше за спонзорските пијалоци на прес-конференциите по натпреварот. Сè започна со тоа што Кристијано Роналдо ја острани „Кока-Кола“, за да го натера Пол Погба да го стори истото со „Хајнекен“.
Кога виде што направија Погба и Роналдо откако беа избрани за играч на натпреварот денес и Јармоленко најде начин да го сврти вниманието кон себе по натпреварот.
Одличното крило на Вест Хем од организаторите побара една работа.
„Може ли да направам нешто, го видов Роналдо како го прави ова …Сакам да ја преселам „Кока-Кола“ тука и сакам да го префрлам пивото тука. „Кока-Кола“ и „Хајнекен“, ве молам, контактирајте ме”, рече имагинативниот Украинец.
🎙Yarmolenko 🇺🇦: "I saw Ronaldo doing this, but I'll put Coca Cola and Heineken together on the table – do get in touch with me, fellas" [@ZoryaLondonsk] #EURO2020 pic.twitter.com/Qz7VC5Hbdp
— RouteOneFootball (@Route1futbol) June 17, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal