
Серхио Рамос денеска се прости од Реал Мадрид. За „кралскиот клуб“ одигра 671 натпревар, а си замина откако му истече договорот. Тој не успеа да се договори со претседателот на Реал, Флорентино Перез за деталите за продолжувањето.
„Во последните месеци, Реал ми понуди едногодишен договор со 10 проценти помала плата. Парите никогаш не беа проблем, но јас сакав двегодишен договор. Подоцна ја прифатив понудата, но понудата на Реал имаше рок. Морав да се изјаснам и не знаев за тоа “, рече 35-годишниот Рамос.
Шпанскиот дефанзивец се уште не објави во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
„Назад во Севилја? Не, тоа не е опција“, рече Рамос, а потоа пристигна прашање дали постои ожеби можност да оди во Барселона, најголемиот ривал на Реал.
„Невозможно. Никогаш нема да ме видите во тој клуб. Не знам за кого ќе потпишам. Кога ќе знам, јас ќе бидам првиот што ќе го објави тоа“, истакна Рамос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
