Connect with us

Буфон по 26 години се врати во Парма

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон реши да се врати во клубот каде што почна. По 26 година се враќа во Парма каде што во 1995 година ја почна успешната кариера.

Буфон реши да не оди во пензија по резделбата со Јувентус, ќе брани за Парма на чиј гол застана кога имаше само 17 години.

Во Парма остана до 2001 година кога го направи трансферот во Јувентус вреден 52 милиони евра со што стана најскапиот голман во светот.

Како голман на Јувентус, Буфон урна многу рекорди, освои вкупно 21 трофеј. Му недостасува титулата во Лигата на шампионите.

Со репрезентацијата на Италија стана светски првак во 2006 година. Во италијанскиот дрес има 176 настапи со што е апсолутен рекордер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови