Британските власти објавија дека 40.000 навивачи ќе можат да го следат полуфиналниот и финалниот натпревар на Европското првенство на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Британската влада ги одобри плановите за 20 пилот – настани што ќе можат да се одржат во присуство на гледачи, вклучувајќи ги Европското првенство и тенискиот турнир Вимблдон.
„Ние би сакале да собереме докази за тоа како можеме да и отвориме на јавноста големи настани, така што тие ќе се одвиваат безбедно и што е уште поважно, за да останат отворени“, рече министерот за култура Оливер Доуден.
Сепак, веќе е јасно дека финалето за жени на Вимблдон на 10 јули и финалето за мажи еден ден подоцна ќе можат да се одржат пред полни трибини на централниот терен. Тој грен слем, третиот во сезоната, започнува на 28 јуни.
Натпреварите Англија – Шкотска и Англија – Чешка ќе се играат со намален број, или 22.500 гледачи. Зголемување на бројот на трибини на 50 проценти од капацитетот ќе се достигне за двата натпревари од осминафиналето што се играат на „Вембли“.
На ЕВРО, навивачите кои купиле билети за натпревари на Вембли, мора да обезбедат доказ за вакцинација или негативен резултат од ПЦР – тест на ковид-19.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal