
МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Поразот од Австрија е веќе заборавен, а Езгјан Алиоски вели дека следниот меч со Украина е како финале. На крајот, се е во главата на играчите, истакнува Џани.
„Сега треба да се фокусираме на Украина, тоа е квалитетна репрезентација, дадоа два гола против Холандија, јасно е дека се добри офанзивно и треба да сме внимателни. Фаворити се во овој натпревар и тоа е добро за нас. Секој натпревар за нас е како финале, треба да бидеме смирени, да играме без паника и верувам дека ќе бидеме на нашето ниво“, вели левиот бек на македонскиот национален тим.

Тој смета дека Македонија не одиграла лошо против Австрија, иако резултатот на крајот не беше поволен.
„Одигравме добар натпревар. Никој немаше да мисли дека не сме биле на потребното ниво ако резултатот беше позитивен против Австрија. Истото е и за следниот меч против Украинците. Можеби и не мора да одиграме идеално, но потребно ни е да победиме. Ние сме првпат на Европско првенство, се трудиме да учиме од ова големо натпреварување и не смееме сега да паднеме. Фудбалот е таков, можеш да примиш гол и во 90.минута и да кажеш дека си играл супер речиси на целиот меч, а на крајот повторно си загубил. Ние се подготвуваме максимално за следниот предизвик“, истакна Алиоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
