Резервниот голман на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон нема да може да им помогне на своите соиграчи од репрезентацијата на Англија до крајот на Европското првенство поради проблем со колкот, што го спречи да продолжи со тренинзите.
Оваа информација е потврдена на официјалната веб-страница на репрезентацијата на гордиот Албион, на која се вели дека во тимот наместо голманот на Јунајтед, ќе биде додаден голманот на Шефилд, Арон Рамсдејл.
Промена на голман поради повреда е дозволена во кое било време од турнирот според правилата на УЕФА, и тоа не треба да ги нарушува плановите на селекторот Герет Саутгејт, чија прва опција за гол е сепак Џордан Пикфорд.
Кога станува збор за Рамсдејл, тој веќе беше дел од оваа генерација за време на подготовките за ЕВРО, така што нема да му биде проблем да се прилагоди на условите и на тимот.
Англија славеше против Хрватска во првото коло од групата Д во првото коло во недела, а следниот натпревар го игра за три дена против Шкотска на „Вембли“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













