
Шпанците имаа нереални 953 додавања на мечот со Шведска (0-0), што е најголема бројка на европските шампионати откако се брои оваа статистичка категорија, од 1980 година.
Швеѓаните за разлика од нив имаа вкупно „само“ 180 додавања.
Само во првото полувреме „црвената фурија“ имаше 419 додавања, а Шведска само 59. Во првите 45 минути секој дефанзивец на шпанскиот тим имаше повеќе од целиот шведски состав. Лапорт имаше 62 додавања, Торес 61 и Алба 60, додека сите 11 Швеѓани собраа 59. Селекцијата на Луис Енрике исто така имаше повеќе од 80 проценти посед на топка.
“Не нè интересира колку додавања имаат Шпанците, во фудбалот се бројат само головите. Мислам дека на крајот тие станаа многу фрустрирани“, изјави Виктор Линделоф.
Шпанската репрезентација испрати 17 удари кон противничкиот гол, што е најмногу за нив на Европското првенство или Светското првенство по 2010 година и натпреварот против Швајцарија, без да постигнат гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Рома е сериозна опција за Елиф Елмас

Евро-фудбал
Аталанта го враќа Федерико Киеза во Серија А

Евро-фудбал
Челси тргнува по Чави Симонс

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
