Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се чувствува многу подобро иако се уште во болница откако колабираше на теренот на мечот против Финска. Ќе остане под лекарска контрола, а останатиот дел од првенството ќе го следи преку ТВ-екраните.
Ериксен се јави од болница и им испрати порака на своите соиграчи од националниот тим.
„Благодарам за прекрасните пораки кои ми ги упативте од целиот свет. Многу ми значат на мене и на семејството. Се чувствувам добро иако треба да минам уште некои прегледи во болницата. Сега ќе навивам за Данска на наредните натпревари. Момци, играјте за целата нација“, напиша Ериксен на Инстаграм.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













