Зинедин Зидан не се воздржи од навреди кон еден шпански новинар кој му постави прашања околку неговото заминување од Реал Мадрид. Французинот донесе одлука да се повлече од улогата на главен тренер на “Сантијаго Бернабеу” по ретката сезона на Реал без трофеи.
Тренерот, кој го водеше клубот до три последователни круни во Лигата на шампионите во неговиот прв мандат меѓу 2016 и 2018 година, напиша отворено писмо во кое објасни зошто реши да го го напушти главниот град на Шпанија пред истекувањето на неговиот договор.
Откако се појави на натпреварот на Рајо Ваљекано, каде игра неговиот син Лука, Зизу беше “нападнат” од страна на новинарите. “Господине, како сте? Си заминавте од Реал Мадрид на лош начин преку писмото”. На ова Зидан одговори луто, велејќи: “Дали сè уште ги поставувате истите глупави прашања како порано? Вашата работа е срамота. Секогаш е исто со вас, ве познавам и ме познавате. Престанете да снимате и дојдете овде да разговараме.”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal